Пробавме мноштво различни кафиња со цел да ги откриеме највкусните топли напитоци на пазарот. Исправени пред тешката задача успеавме широката палета на извонредни кафиња да ја сведеме на 5 одлични светски видови на кафе. Оттука, кафињата кои се дел од Фрагариа се издвојуваат со својот вкус, арома, освежителна нота, но и со пристапна цена.
Кафињата Фрагариа претставуваат синоним за љубов, олицетворение на страста, производ на пасијата за безвременски вкусови преточени во голтка кафе.
Тие создаваат уникатен мозаик од внимателно селектирани зрна кафе од најпознатите региони во светот. Мозаик каде секое зрно е приказна за себе, приказна со нагласена индивидуалност на специфичен вкус, арома, киселост, горчина, блажина,... Приказна која преку една голтка кафе ќе Ве прошета од плантажите во Бразил и Хондурас, преку Кина и Виетнам, па сѐ до Етиопија, мамејќи Ве да продолжите да патувате, сонувате и уживате во магичниот црн напиток.
Богатството на вкусови и експлозијата на ароми во секое од кафињата Фрагариа се одликува со совршено структуриран природен баланс, каде дефилираат ноти на чоколадо, ванила, мед, јаткасти плодови, овошје и различни цветови.
Суптилната елеганција на вкусот при првата голтка кафе, продолжува со моќна и сложена префинетост, којашто носи богат финиш и неповторливо искуство за сите сетила, кое трае долго време по последната испиена голтка.
Кафињата Фрагариа се современ, висококвалитетен, софистициран, моќен и помалку мистичен еликсир за задоволство, среќа и добро расположение, коишто заведуваат со првата голтка, но создаваат љубов којашто трае низ времето.
Приказната за Фрагариа е повеќе од приказна за добро кафе, таа е приказна за љубовта кон магичниот црн напиток, приказна којашто започна на средината на 2019 година, но се испишуваше години наназад преку градење на уникатна бренд-политика, прецизна развојна стратегија, јасно дефинирана мисија и професионални вредности.
Фрагариа е бренд чијашто мисија е водена од емоции, страст, посветеност, истрајност, со основна цел да ги соедини волшебните ароми и уникатните вкусови на најпрефинетите зрна кафе во висококвалитетни производи, создавајќи неповторлива синергија на задоволство уште со првата голтка кафе.
Полетниот ентузијазам, продуктивното визионерство, еланот за работа, мотивираноста, посветеноста, истрајноста, креативноста, иновативноста, ефикасноста и ефективноста ја водат Фрагариа во процесот на создавање на уникатни и внимателно селектирани комбинации од најквалитетните зрна кафе во светот, коишто треба да ги задоволат потребите и барањата на сите љубители на кафето во земјава и пошироко.
Љубовта којашто ја носи секое зрно од кафињата Фрагариа претставува синоним за љубов кон животот и неговите убавини, таа е љубов којашто секојдневно се гради и надградува, трасирајќи го притоа патот на Фрагариа како општествено-одговорен, еко бренд, како сигурен, проверен и потврден партнер за квалитет.